X
 04.04.2019 Економија

Албанија пред енергетска криза


Поради неповолната хидролошка состојба што условува помало производство на електрична енергија, Албанија се наоѓа пред енергетска криза.

Поради тоа, земјата се соочува со високи трошоци за снабдување со електрична енергија, потврдуваат извори од Албанската електроенергетска корпорација (КЕШ), која за ваквата состојба ја информирала и владата поради потребните финансиски средства.

За разлика од минатата година во ова време, сега на каскадата на реката Дрим, каде што има три хидроцентрали – „Фиерза“, „Коман“ „Вау те Дејс“, владее неповолна хидролошка состојба, која според стручните лица условува многу помало производството на електрична енергија.

Во април 2018 година нивото на акумулацијата „Фиерза“, која е втора по големина хидроцентрала на Балканот по „Ѓердап“ на Дунав, изнесувало 296,5 метри, додека сега е за 30 метри пониско и изнесува околу 269 метри, што е многу под просекот од последните 15 години.

Производството во трите хидроцентрали сега задоволува само 25 отсто од потребите на Албанија за струја, поради што останатиот дел се обезбедува од увоз и од малите приватни електрани.

Во првите четири месеци од годинава за увоз на електрична енергија Албанија потрошила околу 100 милиони евра со вклучен ДДВ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија