X
 19.05.2022 Живот

Образовни асистенти ќе посетуваат ученици со посебни потреби во Центар и за време на летниот распуст

Градоначалникот на скопската општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека десет образовни асистенти ќе посетуваат ученици со посебни образовни потреби и за време на летниот распуст. Тие досега со децата работеа само во текот на учебната година и им помагаа во извршување на училишните обврски и за одењето и враќањето од училиште.

-Во летниот период планираме десет наши асистенти да посетуваат дваесетина дечиња преку еден ден односно три пати во неделата околу четири часа, за да ги олесниме и подобриме условите за живот на оние родители кои имаат дечиња со посебни потреби да можат да си ги завршат и своите обврски. Тоа е новитет што сега ќе го почнеме и во континуитет ќе го спроведуваме - изјави Герасимовски.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот