X
 14.04.2018 Живот

Путин згрми по нападите во Сирија: Ова е агресија, историјата ќе пресуди, како и во поранешна Југославија

Рускиот претседател Владимир Путин во своето прво обраќање до јавноста откако западните сили започнаа воена интервенција во Сирија, истакна дека Американците и нивните сојузници погодиле и цивилни и воени цели и дека ја прекршиле повелбата на ОН и меѓународното право, со оглед на тоа дека нападите не беа одобрени од страна на Советот за безбедност на ОН.

-Ова беше чин на агресија над една суверена држава која се соочува со тероризам - истакна Путин.

Тој додаде дека најновата ескалација на кризата во Сирија има destruktivno влијание на целокупниот состав на меѓународните односи.

-Историјата ќе пресуди во овој случај, како што се случи и со Југославија, каде Вашингтон беше одговорен за масакри - рече рускиот претседател, не објаснувајќи на што конкретно мисли.

Путин додаде дека со нападите дополнително се влошува хуманитарната криза која владее во Сирија.

-Со ваквите потези Вашингтон само предизвикува нов бран сириски азиланти кои ќе се распрскаат по целиот регион - истакна тој.


Фото: Jutarnji

Рускиот претседател најави дека Русија ќе свика итна седница на Советот за безбедност на ОН.

-Руските воени експерти кои пристигнаа на лице место на тој имагинарен инцидент не пронајдоа никаква трага од користење на хлор или други токсични материи. Ниеден локален жител не го потврди хемискиот напад - рече Путин.

Според него, Западот цинично ја занемарил Организацијата за забрана на хемиското оружје (која требаше да започне со истрага во Дума) со тоа што започнал воена акција без да ги дочека заклучоците од истрагата.

-Со своето дејствување, САД ја влошува хуманитарната катастрофа во Сирија, цивилното население страда, се фаворизираат терористите кои веќе седум години го мачат сирискиот народ и се предизвикува нов бран бегалци - истакна Кремљ.

Воената интервенција во Сирија беше жестоко искритикувана и од иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи, кој исто така е сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

-Ова е злосторство кое нема да се исплати. Американските сојузници нема да постигнат ништо со правењето злосторства во Сирија. Нападот на Сирија е злосторство, а американскиот претседател, британската премиерка и претседателот на Франција се криминалци - рече тој.

Западните сили предводени од САД интервенираа во текот на ноќта како знак на одмазда за хемискиот напад во Дума, за кој Западот го обвинува Асад, кој, пак, негира дека сторил такво нешто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот