Од денеска во книжарниците низ Македонија е пуштена во продажба најновата сликовница од „Светот на Биби“–„Биби, Боби и чудовиштето од Охридското Езеро“.
Лето е, прекрасно е, летен распуст, а Биби и Боби уживаат на одмор во Охрид и Охридското Езеро. И така додека си играат на плажата, се случи нешто необично…навистина, необично. Биби и Боби ќе запознаат ново другарче.
На јутјуб каналот на Биби, во недела на 23.јуни во 19 часот ќе има премиера и на истоимената сказна со која ќе заврши првата сезона од серијалот „Сказните на Биби“.