Европскиот ракометен првак „Вардар“ почнувајќи од денес па се до 26 јуни организира „Отворени денови“ во кои сите фанови на „црвено-црните“ и воопшто љубители на спортот ќе имаат можност да се фотографираат со пехарот освоен во Келн.
Заинтересираните фотографирањето ќе можат да го направат во периодот од 15 до 20 часот.
Вардарци пред дваесетина дена по вторпат го освоија трофејот во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.
Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.
Секој што сака може да добие и професионално направена фотографија со пехарот наместо да го користи својот мобилен телефон. Секој ден во периодот од 18 до 20 часот на располагање ќе биде клубскиот фотограф кој може да ви направи фотографија со шампионскиот пехар.
Извор: МИА