X
 28.01.2020 Спорт

Судиите најдобри играчи на финалето во ракомет: Македонци, секоја ви чест!

Моментот кога Ѓорѓи Начевски во 59. минута му досуди чекори на Игор Карачиќ ќе влезе во антологијата на Европското првенство во ракомет. Беше потребна забавена снимка за да сфатиме дека средниот бег на Хрватска тргна во бавен танц, каде што бројот на чекори отиде на 5, 6, 7, бидејќи и некои ТВ-коментатори се сомневаа мислејќи дека Марино Мариќ направи пробивање за време на блокадата.

Да се донесе правилна одлука, што во тој момент не ги менува работите бидејќи играчот е на 10 метри од голот и нападот штотуку почнува, а повторно да се знае дека оваа одлука директно ќе влијае врз исходот на финалето на Европското првенство, е дел од храброста и одговорноста што ја имаат судиите.

За тоа треба да се има храброст. Ни најголемите навивачи од хрватскиот табор не можат да ја оспорат. Ни долго негуваното ракометно братство меѓу Хрватите и Македонците не може да биде нарушено поради работа што е „чиста како солза“. Во дуелот на двете уморни исцрпувачки екипи во арената „Теле 2“ во Стокхолм најдобрите актери беа судиите Начевски и Николов.

Иако настапот на нивните претходници, Драган и Марјан Начевски, кои го судеа финалето пред 18 години во Стокхолм, сè уште предизвикува дискусии, ова „македонско“ финале покажа како треба да се суди.

Ако треба да се даде генерален заклучок за судиите, за кои знаете дека не се баш миленици, најдобрите судии доаѓаат од овие простори. Претходно, во две финалиња тоа го покажаа Хрватите Губица и Милошевиќ. Ретко кој може да излезе на линијата со знаење и чувство за игра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт