X
 29.12.2021 Живот

Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и да го развие својот талент кон ракометот

По само четири месеци откако стартува проектот „Ракомет за секое дете“, наменет за деца од 7 до 12-годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп спорт се одржа првиот турнир на децата од школите кои ги опфаќа проектот во Велес, Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Битола. Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат.



- Проектот „Ракомет за секое дете“ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акумулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и во Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти, и тоа мини-лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари.



Викендов што помина се одигра првиот предновогодишен турнир, кој беше поделен на два дела, за деца родени во 2012 и помали кои го практикуваат т.н. мини-ракомет и деца родени 2010/11 кои своите натпревари ги играа на терен со регуларни димензии. Во секој случај, едно убаво искуство за секое од нив, дружење, забава и натпреварување. Во иднина, школата ќе продолжи со активности во овој сегмент и ќе организира турнири, како во Скопје така и во другите градови.

- Особено сум горд и благодарен на родителите кои од самиот старт нѐ поддржуваат, на тренерите кои работат секојдневно со децата, на моите соработници кои се дадоа целосно во проектот и секако на партнерите на проектот, без кои не би функционирал на нивото на кое е предвидено. Ова e млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани, но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење - истакна Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот „Ракомет за секое дете“.



По завршувањето на официјалниот дел и натпреварите во двете категории, благодарение на своите партнери и пријатели, секое дете доби пакетче од страна на организаторот со најубави желби во новата година.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот