X
 19.06.2024 Живот

Секој телефон има свој рок на траење - ова е листа со најпопуларните брендови

Ова е просечниот животен век на најпопуларните брендови и производители на телефони:

„Епл ајфон“: 4 до 8 години
„Самсунг“: 3 до 6 години
„Гугл пиксел“: 3 до 5 години
„Хуавеј“: 2 до 4 години

Станува збор за просек што значи дека овие бројки може да варираат од уред до уред.

Животот на вашиот мобилен уред започнува од датумот на производство, а не од моментот кога сте го купиле, па затоа е многу важно да знаете кога е произведен, што обично е означено на пакувањето на самиот уред.

Ако веќе сте ја фрлиле кутијата, отворете ги поставките на телефонот и пронајдете ја опцијата „за уредот“. Датумот или серискиот број се наведени таму.

Можете да го дознаете датумот на производство и преку тајни шифри. Пишете *#06# за да го дознаете серискиот број. Многу производители го кодираат датумот на производство во рамките на серискиот број.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот