Вкупната бројка на сателитите во орбитата на Јупитер се зголеми на 79. Астрономите открија нови десет месечини околу оваа планета.
- Не сфативме веднаш за што станува збор. Ни требаше цела година да утврдиме какви објекти се - вели Скот Шепард од Карнегијевскиот институт за наука во Вашингтон, кој го предводел астрономскиот тим.
Астрономот Гарет Вилијамс од Центарот за мали планети при Меѓународната астрономска унија е сигурен дека има уште месечини, ама дека тие се мали и не можат да се видат.
Научниците го опишуваат Јупитер како вакуум кој вшмукува се околу себе, а месечините се само остатоци.
Фото: Sputnik
Телескопите со кои било спроведено ова истражување биле поставени во Чиле, на Хаваите и во Аризона.
Опкружен со 79 месечини, од кои Галилео Галилеј открил четири во 1610 година, Јупитер е планета со најмногу вакви тела околу себе во нашиот Сончев Систем. Потоа следува Сатурн со 61, Уран со 27 и Нептун со 14. Марс има две, Земјата една, а Меркур и Венера немаат ниту една
месечина.