X
 07.12.2020 Наука

„Божиќната ѕвезда“ ќе може да ја видиме на небото овој месец, првпат по 800 години

Двете најголеми планети во Сончевиот Систем ќе се „спојат“ во рамките на небесен настан што не бил виден уште од средниот век. На 21 декември Јупитер и Сатурн ќе бидат толку блиску една до друга, што ќе изгледаат како „дупла планета“. Ова нам на Земјата ќе ни изгледа како една голема светла ѕвезда на небото.

Патрик Хартиган, астроном на универзитетот „Рајс“, изјавил за „Форбс“ дека „спојувањето“ на две планети е прилично ретко и се случува на околу 20 години. Но, овој настан е уште поредок бидејќи планетите ќе бидат толку блиску, што од Земјата ќе изгледаат како една.

Ваков настан претходно бил виден на 4 март 1226 година. Историски, овој феномен е познат како „Божиќна ѕвезда“ или „Ѕвездата на Витлеем“. Феноменот треба да биде видлив секаде низ светот на чисто небо.

Следниот ваков настан ќе се случи дури на 15 март 2080.

Автор: Меган Овердип
Извор: parents.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука