На прв поглед објектот наречен 2015 БЗ509 е само уште еден од многуте во орбитата на џиновската планета Јупитер во стабилна конфигурација која се нарекува резонанција. Сепак, тој го привлече вниманието на научниците поради едно чудно својство – иако сите планети и речиси сите објекти во Сончевиот Систем орбитираат во иста насока, 2015 БЗ509 се движи во спротивната. Тој има ретроградна орбита.
(
Фото: Pixabay)
Причина за тоа е што овој објект е егзоастероид, што значи дека не настанал во нашиот Сончев Систем. Тој е „интрастеларен имигрант“ кој „побарал азил“ во орбитата на Јупитер пред четири и пол милијарди години.
Егзоастероидот е забележан од страна на телескопот Пан-СТАРРС 1 на Хаваите. Неговата орбита била главната причина зошто го забележале истражувачите.
„Овој објект е првиот вонтеориски пример за вид орбита што ние ја проучуваме и сакавме да разбереме кој е неговиот извор“, истакна за
Си-ен-ен Хелена Мораис, авторка на истражувањето и професорка по статистика на Универзитетот на Сао Пауло во Бразил.
„На астероидот и на Јупитер им треба исто време за да го заобиколат Сонцето, но едниот се движи во насока на стрелките од часовникот, а другиот во спротивна насока. Двапати се разминуваат во текот на орбитирањето“, вели Мораис. „Овој шаблон продолжува засекогаш – тоа е стабилна конфигурација во упростен модел кој содржи само Сонце, Јупитер и астероид.“
Мораис вели дека нашето Сонце го „украло“ астероидот 2015 БЗ509 од друга ѕвезда уште во „ѕвездените јасли“, групи млади ѕвезди кои сè уште се формираат.