X
 19.07.2019 Живот

Куќа за еден долар близу езерото Комо

Монти Скијага е изолирано село во Северна Италија каде што, сепак, има пристап до водоводен систем и се наоѓа на 115 километри северно од Милано. А, пак, езерото Комо, каде што холивудскиот глумец Џорџ Клуни има луксузна вила, е на околу 64 километри.

Ова планинско место било речиси целосно напуштено во 70-тите години, но ја има задржано својата изворна структура со традиционални архитектонски елементи. А властите сега ќе одлучуваат по предлогот – напуштените куќи да се продаваат за по еден долар.

Ова претставува поволна шанса за инвеститорите. Гласањето за предлогот допрва следува, пренесува „Фокс њуз“.

Недвижностите се во лоша, руинирана состојба, а од купувачите се очекува во разумна временска рамка да ги реновираат и оспособат за живеење.

Слични проекти веќе се спроведуваат и во други напуштени и зафрлени места низ Италија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот