X
 19.07.2019 Живот

Што може да нѐ научи „Аполо 11“ за тим-билдингот?

Големо медиумско внимание беше посветено на 50-годишнината од легендарната програма „Аполо“, особено на мисијата „Аполо 11“ со која астронаутите слетаа на Месечината. Голем дел од ова внимание беше искористен за да се потенцираат напорите за повторно враќање на Месечината и изградба на база таму или можеби да се направи поголем подвиг за патување на Марс.

Пред неколку години на конференцијата на НАСА во Вашингтон, НАСА ги објави двете најголеми пречки за долготрајните летови во вселената: ефектите на зрачењето врз телото и предизвиците создадени од движењето на членовите на екипажот за време на долгиот лет во затворен простор. Со други зборови: „Дали можете да се согласувате добро со други луѓе со месеци додека сте затворени како сардини?“

Знаеме нешто за овие предизвици од искуствата и приказните на екипажите на Меѓународната вселенска станица. 60 експедиции до денес, во кои биле вклучени мултинационални и родово мешани екипи, станаа дел од многу поразновидната збирка астронаути одошто назад во времето на „Аполо“. Иако немаме комплетни податоци за сите интеракции на екипажот, сигурно дошло до конфликт при изборот на храна и кој која задача ќе ја извршува. И би било шокантно доколку нема конфликт: луѓето имаат разлики, а ова особено е вистина ако мора да живеете со друга личност во вселената прилично долго време. Таквите разлики треба да бидат решени за екипажот да функционира правилно. Препознавајќи го ова, НАСА инвестира пари за истражување за решавање на конфликтите и менаџерските вештини за нејзините екипи.

Да се вратиме и да погледнеме на оние навидум хомогени екипи на „Аполо“ - сите мажи, практично сите со инженерски дипломи и воена заднина, кои неколку дена морале да работат заедно, иако заедно тренирале многу подолго. Ако можеме да најдеме разлики и различни пристапи во заедничкото работење во овие екипи, замислете што тоа може да ни каже за тимовите во други услови, бидејќи во суштина контролираме многу од начините во кои екипите и тимовите често се разликуваат во „нормалните“ работни места.

Еден од конкретните аспекти е какво значење имала разликата меѓу членовите на екипажот во текот на мисиите, како нивните разговори ги решавале разликите и како тие го научиле тоа во текот на летот. Бидејќи тие се слични на толку многу начини, научниците биле заинтересирани за разликите што не биле толку очигледни.

Една од разликите што истражувачите ја откриле меѓу астронаутите во „Аполо“ била од каде потекнуваат и на кој колеџ завршиле. Да, сите астронаути биле Американци, но доаѓале од други делови на САД. Институциите каде што завршиле високо образование исто така се протегале низ цела земја - воени академии, МИТ, Мичиген...

За да видат дали има „ефект на регионална култура“ меѓу екипите на „Аполо“, истражувачите ги анализирале сите транскрипти на 11 екипажни мисии. Тие го измериле тимското учење од разговорите во транскриптите што укажуваат на тоа како екипите споделуваат, стекнуваат, комбинираат и применуваат знаење. На пример, „дозволи да ти покажам како“ е дел каде што се решава одредено прашање со визуелно демонстрирање на колега од екипажот како да изврши некоја задача.

Истражувањето и понатаму е во тек, но истражувачите веќе откриле дека различни комбинации на астронаути и екипи што имале различни регионални „дефекти“ дури и во мали тимови - пристапувале кон учењето и постигнувале цели на мисијата на различен начин. Како основа тие откриле дека позитивните колективни влијанија го попречуваат тимското учење, додека негативните колективни влијанија го зголемуваат учењето. Ова е конзистентно со минатото истражување за тоа како негативното влијание е поврзано со посистематски пристапи кон учењето, а позитивното влијание со верувањето дека сè е во ред, инхибирајќи ја контролата, а и со тоа учењето. Негативните колективни влијанија имаат послаби влијанија врз учењето на тимот со различни регионални дефекти. Исто така, тимското учење се чини дека се намалува додека мисиите напредуваат, а екипите со посилни проблеми доживуваат поголем пад во учењето со текот на времето.

Дури и кај групите што изгледаат прилично хомогени, учењето и пристапот за работа им се формирани преку разликите во културата. Уште поинтересно е тоа што ова се членови на тимот што добро се познаваат, поминале безброј часови во симулирани сценарија за летови и сè уште учат како да комуницираат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот