Еден од најголемите светски автомобилски брендови, култното „Порше“, вложил во „Римац Аутомобил“.
Римац веднаш открил колку долго траела соработката со „Порше“ и каква вредност има инвестицијата.
- Работевме три години. Всушност, две години работиме, а три разговараме. Во исто време работиме со нив на проекти. Инвестираа 18,7 милиони евра во фирмата - рече Римац.
Фото: Nova TV
Вели дека „Порше“ добил 10 отсто удел во инвестицијата.
- Не ни беше финансиската корист примарна кај овие инвестиции, туку долгорочната соработка и техничкото партнерство. Ние веќе сега имаме понуди од други инвеститори за многу поголема евалуација од таа на „Порше“, но со нив фокусот е на други работи - вели тој.
На прашањето дали може да открие колку вреди компанијата, тој вели:
- Ако 18,7 милиони е за 10 отсто, тогаш лесно се пресметува.
Со „Порше“ најмногу ќе работи на погонските системи на електричните автомобили, батерии и автономно возење.
- Тоа е она поле каде што сме најсилни. И „Порше“, како и сите други произведувачи, оди кон електричните возила. „Порше“ е особено наклонет кон спортските автомобили каде што е најсилна нашата конкуренција и на овие полиња заедно ќе работиме. Тоа значи дека ние ќе им помагаме во развивањето нови автомобили, а тие ќе ни помагаат во достигнувањето големо сериско производство - открива Римац.
- За жал, Хрватска во последните 25 години не привлекла ниту една автомобилска компанија. Ние како мала компанија успеавме да привлечеме. Тоа дефинитивно не е последно што ќе го правиме со „Порше“ и со многу други произведувачи. Мислам дека целосно ја променивме перцепцијата за Хрватска кога станува збор за автомобилската индустрија, и создадовме име - вели Римац.
Тој споменува и други инвеститори.
- Се шириме со огромна брзина. И понатаму мислиме дека сме на почеток на нашиот пат, имаме уште многу планови, а за тоа ќе ни биде потребен доста капитал - заклучува тој.
Целото интервју со Римац можете да го прочитате
ТУКА.