X
 22.05.2017 Живот

Златни животни правила: заедничката работа ја зголемува веројатноста да се победи

Сечиј живот е приказна сама за себе. Не постои упатство или правила според кои треба да го живееме, иако низ историјата многу мудрости останале запаметени да даваат насоки.

1. Правило на репроцитет: пред да судиш за грешките на другите, погледни се себе. Оној кој фрла кал не може да има чисти раце.
2. Правило на болка: Само огорчен човек може да ги навредува другите.
3. Правило на повисоки патишта: ние преминуваме на повисоко ниво, кога на другите ќе почнеме да им се обраќаме подобро отколку што тие ни се обраќаат нам.
4. Правило на бумеранг: Кога им помагаме на другите – си помагаме сами на себе.
5. Правило на размена: Наместо да ги ставете другите во ред, потребно е да се ставете себе си на нивно место.
6. Правило на учење: секој човек кога ќе го сретнеме, има потенцијал да не научи нешто.
7. Правило на харизма: луѓето се интересираат за оној кој се интересира за нив.
8. Правило на ситуација: Никогаш не дозволувајте, ситуацијата да Ви значи повеќе од односот.
9. Правило на Боб: кога Боб има проблеми со сите, обично проблем е самиот тој.
10. Правило на пристапност: леснотијата во односот со Вас им помага на другите да се чувствуваат удобно покрај Вас.
11. Правило на трпение: кога патувате со другите е секогаш побавно отколку кога патувате сами. Ако сакате да одите далеку – одете со другите, ако сакате да одите брзо, одете сами.
12. Правило на две страни од иста паричка: вистинскиот тест на односот не е во тоа колку верни пријатели сте кога другиот е во неволја, туку колку се радувате кога другите постигнуваат успех.
13. Правило на соработка: заедничката работа ја зголемува веројатноста да се победи.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот