X
 19.07.2020 Живот

Бразилска пустина се претвора во илјадници лагуни секоја година

За време на сушните периоди, националниот парк Ленсоис-Марањенсис, кој се наоѓа во државата Марањао во Североисточен Бразил, е прекриен со големи песочни дини. Тука се наоѓаат најголемите песочни дини во Јужна Америка. Без водич лесно може да се изгубите помеѓу огромните дини кои може да достигнат височина и до 20 метри.


Фото: Wikipedia

На прв поглед националниот парк изгледа како пустина. Но, четири месеци во годината во овој регион има силни дождови. Силните ветрови и дождот ја трансформираат почвата како што водата од дождот ги пополнува долините помеѓу дините, притоа создавајќи илјадници лагуни во песокот.


Фото: Wikipedia

Сините и зелени лагуни се најголеми во јули. Некои се доволно длабоки за пливање, а може да бидат долги и речиси 100 метри. Некои од лагуните се поврзуваат со реки.

Водата добива различни бои поради остатоците од вегетацијата која се разградува под површината. Од птичја перспектива, реките и лагуните изгледаат разнобојно и имаат различни форми на белиот песок.


Фото: Wikipedia

Кога ќе завршат дождовите, се враќа сушната сезона и лагуните исчезнуваат, сè до следните дождови.

Автор: Вини Ли
Извор: atlasobscura.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот