X
 19.07.2021 Живот

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење

Инфософт груп, една од најдолгогодишните компаниски групации во регионот со претставништва во Македонија, Албанија и во Косово, минатата недела, преку прослава со своите вработени, го одбележа своето 30-годишно постоење.



Прославата на овој јубилеј се одржа под мотото „Stronger Together” („Посилни заедно“), што ја отсликува поврзаноста на компанијата со своите вработени, клиенти и целата заедница – но ја пренесува и визијата која мотивира кон заедничко исполнување на предизвиците што следуваат во иднина.



Ајри Шеј, првиот човек на Инфософт системи Скопје, компанија-членка на Инфософт групацијата, по овој повод изјави: „Силно веруваме дека само обединети со целите на нашите вработени и целите на нашите клиенти можеме да се движиме напред и заедно да создаваме иновации што ќе носат вредност за сите. Во овие 30 години оставивме силна трага во нашиот регион и оваа јубилејна прослава нека биде само импулс за големите нешта што следуваат“.



Инфософт групацијата е составена од 15 компании лоцирани во Албанија, Косово и во Северна Македонија, посветени во неколку сегменти како ИТ, дистрибуција, недвижности, логистика и бизнис-менаџмент.



Портфолиото на меѓународни партнери на Инфософт групацијата, меѓу другите, ги вклучува и Microsoft, Dell-EMC, HP, Cisco, IBM, Oracle, Lenovo, Mars Wriggle, Ferrero, Colgate Palmolive, Philip Morris итн.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот