Како што стивнува пандемијата, а луѓето се обидуваат да се откажат од стекнатите навики на прекумерно пиење, „отрезнувањето“ се појавува како нов општествен феномен, на пример, како повод за славење на Денот на вљубените.
Секако, целата индустрија го следи трендот, вклучувајќи понуди на празнични честитки и шолји со пораки, заедно со задолжително присуство на социјалните мрежи.
Стар концепт
Отрезнувањето и останувањето трезен се значајни достигнувања, а многу луѓе се срамат од нив поради вкоренетата стигма за зависност од алкохолот. Концептот на „трезен роденден“, годишнина од трезноста, е речиси стар колку и откажувањето од алкохолот во 12 чекори.
Овде е важно нешто друго: трезноста сега зазема централно место, на луѓето им дава достоинство и почит, им помага отворено да зборуваат за нивните борби и ги охрабрува оние што имаат проблем да побараат помош.
Социјални мрежи
Се разбира, социјалните мрежи и технологијата што ги придвижува се одговорни за популаризацијата на трезноста. Културната револуција ја спроведуваат помлади луѓе, навикнати да ги живеат своите животи во зголемена реалност.
Тие гласно го отфрлаат долгогодишното златно правило на „анонимноста“ на анонимните алкохоличари и гордо објавуваат слики од нивните прослави за трезност. Младите го трасираат патот, па сега им се придружуваат и постари луѓе.
На „Инстаграм“, „Твитер“, „Фејсбук“ и други платформи луѓето објавуваат пораки, цртежи и фотографии кои покажуваат колку години се трезни; дел од тоа може да се најде под хаштагот #soberversary.
Извор:
Bug.hr
Фото: Freepik