X
 29.12.2022 Живот

Казни до 100.000 евра ако оставите ѓубре по прославата на Нова година - правила на германски град

Може да славите, но мора да го соберете ѓубрето што сте го направиле. Вака звучат правилата за славење на зимските празници во Лајпциг, Германија.

Жителите на Лајпциг треба да го исчистат сопственото ѓубре на Нова година. Како што наведуваат германските медиуми, оставање ѓубре по прославата на Нова година може да биде скапо.

- Оној што ќе направи ѓубре во градот, мора веднаш да го отстрани - изјавиле од компанијата за комунална хигиена во градот.

Доколку ѓубрето биде оставено, одговорното лице ќе биде казнето. Казните може да стигнат до 100.000 евра. Доколку не може да се утврди одговорното лице, одговорна е компанијата или сопствениците на недвижноста каде што се наоѓа ѓубрето.

- Сопствениците на местото сами се задолжени за чистење и мора да го соберат новогодишното ѓубре кое е пред нивното сместување дури и доколку не е нивно - посочиле од компанијата.

Од градот поделиле и совети за рециклирање на новогодишниот отпад. Освен тоа, градот ќе постави нови контејнери за стакло и друг отпад на главниот плоштад во градот.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот