Ние сме генерација која никогаш повеќе нема да се роди. Затоа што ние сме:
- Генерација која пешки одеше и се враќаше од училиште.
- Генерација која сама си ја пишуваше домашната задача за што побрзо да излеземе надвор за да си играме.
- Генерација во која момчињата играа џамлии, а девојчињата играа ластик.
- Генерација која слободното време го поминуваше на улица.
- Генерација која играше криенка кога се стемнуваше.
- Генерација која правеше колачиња од кал и газеше во вирчиња.
- Генерација која сакаше лижавчиња со свирче и правеше гримаси кога среде лижавчето имаше кисел прашок.
- Генерација која со свои раце правеше синџири од хартија.
- Генерација на грамофонски плочи.
- Генерација која собираше детска пошта, салфетки, беџови, и генерација која имаше споменари.
- Генерација која го гледаше тато како го поправа телевизорот или му помагаше да ја намести антената.
- Генерација која имаше родители, а не странци.
- Генерација која пред спиење тивко се смееше, за родителите да не знаат дека уште сме будни.
- Генерација што пиеше од исто шише, и даваше од својата школска ужина.
- Генерација која си одеше дома со првиот мрак.
- Генерација што ненајавено доаѓаше во домот на своите пријатели, и тоа десетина во група.
- Генерација која без мобилен телефон секојдневно се среќаваше на истото место, во истото време.
- Генерација чиј авторитет беа родителите, како сопствените така и оние на пријателите.
- Генерација која ги поздравуваше сите што минуваа, стануваше во автобусите и им помагаше на постарите.
- Генерација што се качуваше на дрво и тајно го собираше овошјето.
- Генерација која се грижеше за чувствата, а не за парите или автомобилите.
- Генерација која научи сама да се снаоѓа, во секое време и во сите ситуации.
- Генерација која беше научена да сака.
- Генерација која читаше книги со светилка под ќебето.
Генерација која помина и, за жал, никогаш нема да се врати.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram