X
 28.01.2019 Култура

На листата со номинирани режисери за „Оскар“ повторно нема ни една жена

Номинациите за престижната филмска награда „Оскар“ беа објавени пред неколку дена, а на листата со номинирани за најдобра режија повторно нема ни една жена.

Во филмовите „Рома“ и „Фаворитот“, кои имаат најголем број номинации, жените имаат клучна улога, а сосема е друга приказната кога станува збор за номинации за „Оскар“ за најдобра режија.

Лиз Такер, директорка на организацијата „Жени на филм и телевизија“ во Велика Британија, вели дека недостигот на номинирани жени во категоријата за најдобра режија е разочарувачки.

oskar
Фото: Getty Images


- Тоа само покажува уште колку работа има пред нас. Разочарувачки е како Академијата на филмски уметности и науки повторно не препозна врвна работа - изјави таа.

Во 91-годишната историја на доделувањето на „Оскарите“ само пет жени биле номинирани во категоријата за најдобра режија.

По овогодишните номинации многу се дебатираше за тоа како на режисерките треба да им се оддаде признание, но само врз основа на заслуги, а не поради балансирање.

Сепак, Лиз Такер нагласува дека ѝ е тешко да поверува дека по заслуги само пет жени биле номинирани во категоријата за најдобра режија во историјата на „Оскарите“.

- Не бараме никаква посебна улога. Никој не оспорува дека филмовите номинирани во категоријата за најдобри се навистина одлични, но дали тие се најдобри филмови? - прашува таа.

Минатата година само 4 од 100. најдобри филмови во САД биле режирани од жени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура