Креирањето на аналитичката психологија му се припишува на швајцарскиот психијатар Карл Јунг, чии теории се постулат за модерните психијатриски практики. Една од неговите теории е и дека постојат четири основни фази во човековиот живот.
1. Атлетска фаза
Оваа фаза е дефинирана со преокупацијата со физичкиот изглед. Опседнатоста со тоа како изгледаме се идентификува со нашата самодоверба и несигурности. Го користиме физичкиот свет за да започнеме со градење на себеси во реалноста. Откако ќе сфатиме како луѓето реагираат на нас и какви чувства ни предизвикуваат нивните реакции, почнуваме со поставување на приорити. Ова води до следната фаза.
2. Војничка фаза
Доаѓаме до фаза кога идентификуваме одредени чувства преку преземање одредени акции и одлуки. Започнуваме со компаративна мисла за да го максимизираме она што сакаме да го извлечеме од зададена ситуација.
Ова доведува до создавање на желба за наметнување на нашата волја, но за наше добро. Се обидуваме да бидеме најдобра верзија од себеси и да бидеме подобри од останатите. Посакуваме благосостојба, влијание и контрола.
3. Утврдувачка фаза
По постигнувањето цели за хранење на сопственото его, започнува фазата кога барате повеќе активности кои ве исполнуваат.
Започнувате да сфаќате дека физичките аспекти од реалноста не се вистинскиот пат до среќата. Површните работи повеќе не ви се релевантни како порано.
Потребен ви е духовен баланс и задоволство. Во оваа
фаза се јавува и желба за служење на другите. Мудроста започнува да доминира, а егото е веќе поттиснато.
4. Духовна фаза
Ова е последната фаза од животот, а Јунг предупредува дека не секој ќе дојде до оваа точка на личен развиток. Во оваа фаза сфаќате дека се што до тогаш се случило било дел од едно патување, а вие сте ги тетсирале границите на човековите искуства.
Во духовната фаза се развивате себеси како личност. Конечно сте сами на своето, сфаќајќи се себеси како концепт кој постојано еволвира.
По искусувањето на животните екстреми на човечкиот живот, според Јунг, можете да ги употребите тие искуства во своја корист.