X
 19.05.2017 Живот

Ситуации кога сме непристојни, а за тоа не сме ни свесни

Секој од нас понекогаш се однесува непристојно, за тоа можно е и да не сме свесни. Кои се тие чести, секојдневни однесувања кои на многумина им прешле во навика, а се сметаат за непристојни?

1. Разговарате на мобилен телефон, а звучникот е толку засилен што сите околу вас слушаат што кажува личноста со која зборувате. Луѓето немаат потреба да ги слушаат вашите разговори.

2. Седите на кафе со пријателите и во исто време се допишувате со некого, без објаснување зошто баш тогаш морате да одговорите на пораката.

3. откажувате договор во последен момент зошто сакате да останете дома.

4. Не возвраќате на телефонски повик или не одговарате на порака. Тоа не мора да биде веднаш, но нека биде за некое пристојно време.

5. Заборавате на добра пријателка или пријател да честитате роденден. Во денешно време кога постојат толку многу потсетници, тоа е едноставно недопустливо.

6. Купувате нова облека, ја носите и потоа ја враќате во продавницата.

7. Позајмувате книга, ЦД, ДВД или друго од ваш пријател, па кажувате дека ќе го вратите позајменото до тогаш и тогаш, но тоа не го правите па се извинувате. Пријателот ви вели дека е во ред, па пак заборавате да го вратите позајменото.

8. Постојано се жалите на нешто. Морате секогаш да имате на ум дека немате само вие проблеми.

9. Претпоставувате дека сите сакаат да гледаат фотографии од вашето бебе.

10. Пријателка или пријател кои не сакаат да прават селфи ги наговарате тоа да го направат и планирате да го објавите на социјалните мрежи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот