X
 19.08.2018 Култура

Во Перу откриен ѕиден релјеф стар речиси 4.000 години

Sиден релјеф стар околу 3.800 години, на кој се прикажани змии и човечки глави, е откриен во Перу. 

Релјефот е долг околу 2,8 метри и е висок околу еден метар. Тој е пронајден во археолошкото наоѓалиште Вичама, околу 110 километри северно од главниот град Лима.

Не него се гледаат четири човечки глави меѓу кои ползат змии. Главите на влекачите се насочени кон семенките на кои им е даден човечки облик.

Археологот Татијана Абад објасни дека змиите ги претставуваат водните божества и ја наводнуваат земјата, за да можат семенките да растат.

Се верува дека тогашните жители на Вичама ги нацртале релјефните слики кои го прикажуваат сушниот период, поврзан со климатските промени.

Градот Вичама е изграден меѓу 1800 и 3500 година п.н.е., а на археолошкото наоѓалиште сместено таму се октриени гробници и глинени живеалишта.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура