X
 20.01.2022 Живот

Плажи во Перу покриени со нафта по ерупцијата и цунамито во Тонга

Брановите донесени од ерупцијата и цунамите во Тонга донеле и нафта на плажите во Перу.

Видео објавено од „Инсајдер“ покажува животни на брегот на Перу прекриени во нафта. Нафтата која сега е на плажите на Перу била истурена од брод кој бил погоден од брановите од цунамито.

Се проценува дека се истуриле околу 6,000 барели, а оваа нафта сега покрива дел од брегот долг речиси 2 километри.

Државата ангажирала стотици работници за да се исчисти брегот и отворила истрага за истурањето на нафтата.



Извор: Insider
Фото: Insider (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот