X
 27.02.2017 Култура

И по распаѓањето на Југославија, ЈНА сѐ уште живее... на Фејсбук

За сите оние ју носталгичари, на Фејсбук постои необична група преку која се пронаоѓаат пријатели од ЈНА.

јна

Групата „Pronađi drugove iz bivše JNA“  ја оправдува реченицата која вели дека пријателството од војска е нешто посебно во животот на секој маж. Различни генерации на војници се обидуваат повторно да стапат во контакт 25 години од распаѓањето на Југославија. Групата на социјалните мрежи има неверојатен успех, и веќе има над 60.000 членови.

Интересен е и националниот состав на членовите на групата кој потсетува на поранешната држава па така во групата можат да се најдат Албанци, Хрвати, Бошњаци, Срби, Македонци, Црногорци, Словенци, Роми, Словаци и останати национални малцинства кои живееја во Југославија.

Популарната група изобилува со стари фотографии од војници за време на отслужувањето на воениот рок. Се објавуваат и имиња на револуционери и народни херои кои денес се заборавени. Групата изобилува со анегдоти, бегањето преку ограда до киното во близина, се евоцираат спомени од седенките во кафаните, а има и по некој спомен од опасните доживувања со бугарските и албанските граничари на оддалечените планински караули.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура