X
 19.08.2021 Живот

Комплекс куќи кај Скопска Црна Гора за среќно детство и семеен идиличен амбиент

Комплексот од 11 куќи, на само 8 км од центарот на градот, на падините на Скопска Црна Гора, претставува урбано концептуален простор каде што безбедноста и потребите на децата и на родителите се на прво место.

Во трката за професионален успех, кој денес е исклучително мотивирачки за родителите кои сакаат да обезбедат подобра и постабилна иднина за себе и за своите деца, многу често се судираме со фактот дека за сметка на кариерата и финансискиот прогрес, ги запоставуваме сопствените деца. Отсуството на родителите, кое е неминовно поради секојдневното темпо со работни обврски, генерално се компензира со материјални добра (таблети, компјутери, видеоигри, играчки и разни други подароци) кои привидно ги „смируваат“ децата. Јасно е дека не се работи за соодветен надоместок. На децата им е потребна родителска посветеност, квалитетно поминато семејно време и внимание од родителите. Но, потребно им е внимание и од нивни врсници.

Предводени од потребите на децата, пред сѐ, физички, духовни и социјални, односно потребата секое дете да игра со врсници, да се социјализира, да учи од другите, да развива правилна моторика преку спортски игри од најмали нозе, сѐ до елементарната потреба за чиста околина, чист воздух и здрава храна, го создадовме комплексот We and Nature, дом за среќни луѓе!



Комплексот од 11 куќи, на само 8 км од центарот на градот, на падините на Скопска Црна Гора, претставува урбано концептуален простор каде што безбедноста и потребите на децата и родителите се на прво место.

Комплексот е конципиран и се гради врз основа на детските потреби за здраво и среќно детство. А кога децата се среќни, здрави и весели, тоа резултира со задоволни, насмеани и здрави родители. Овој релативно понов пристап на домување со истакната социјална димензија е одамна популарен во социјалните западноевропски земји и покажува извонредни резултати во однос на детскиот правилен раст и развој. Генерациите од 70-тите и од 80-тите години во Македонија добро помнат и честопати зборуваат како имавме безгрижно детство, како бевме безбедни и можевме цел ден надвор да го поминеме, а никој да не биде притоа загрижен. We and Nature е токму тоа!



Безбедноста во We and Nature е добиена со целосно насочување на сообраќајот на периферијата од комплексот, со отворање надворешни пристапни улици до секоја куќа. Во внатрешниот дел има слободно движење на жителите, децата пред сѐ, за да се обезбеди максимално сигурен простор за физичка циркулација, игра и социјализација.

Куќите се идентични, 160 м2 внатрешен простор на два ката, со дополнителни 50 м2 гаража и складиштен дел. Секоја куќа има сопствена тераса од 40 м2. Со стекнување сопственост врз еден од објектите се добива и сосопственост на целокупното земјиште 13.000 м2, спортско-рекреативната инфраструктура и опрема.

Заедничкиот простор од 100 м2 е вистински новитет кој ги обединува соседите по основа на социјализација, дружење, прослави, предавања, презентации, јога-часови и сл. Користењето е со претходна најава во системот за резервации каде што членуваат сите жители на комплексот.



Теренот за кошарка и теренот за одбојка на песок, кои исто така се сопственост на жителите на комплексот, нудат можност за стекнување спортски и здрави навики од најрана возраст. Спортските реквизити за вежбање на отворено се дополнителна мотивација за одржување здраво тело и здрав дух.

И секако, најмалите добиваат целосно ново социјално катче со лизгалки, клацкалки, лулашки, голема трамбулина... Детското катче е лоцирано стратешки пред терасата на заедничкиот простор за да можат родителите едновремено да се социјализираат и спокојно да ги набљудуваат своите деца.

Во рамките на заедничката инфраструктура спаѓа и базенот 10 х 5 м, во кој има и дел предвиден за најмалите пливачи. Базенот е отворен за сите жители на комплексот, а дружење и разладување во овие жешки моменти е повеќе од добредојдено.



До комплексот, кој се наоѓа на 8 км од центарот на градот, на падините на Скопска Црна Гора, каде што воздухот е 100% чист во текот на целата година, има одлична патна инфраструктура, исто така канализација, градски водовод, сопствени бунари со геотермална вода (10 литри во секунда) и ред други погодности кои придонесуваат за здрав и висококвалитетен живот.

Продажбата на куќите е во тек и се очекува целиот комплекс да биде завршен до крајот на октомври годинава. Сите заинтересирани можат да се обратат со пополнување формулар на веб-страницата на комплексот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот