Србија ќе им подели напуштени селски куќи на повеќе млади брачни парови што ќе се пријават на конкурсот што започнува на 28 јуни. За оваа иницијатива, државата издвојува до 1,2 милиони динари, пренесува „Новости“.
Условот за пријавување е да се има најмногу 45 години. Според проценките, во Србија има околу 200.000 напуштени селски куќи кои им се на располагање на земјоделците и младите лица што сакаат да живеат во село.
Од владата очекуваат да се пријавуваат земјоделци што живеат во заеднички домаќинства и сакаат да се осамостојат, но и млади луѓе кои немаат сопствен дом.
Извор:
Novosti
Фото: Pixabay