X
 07.01.2021 Живот

Најскапите домови во светот

Зборот „дом“ буди чувство на удобност и скромност. За повеќето од нас, не е важна големината на домот, туку безбедноста и атмосферата. Но, за некои од најбогатите луѓе на планетава домот е повеќе од скромност. За некои, домот е место на кое може да се потроши дел од богатството и во кое може да си дозволат незамислив луксуз. На пример, речиси сè во домот на Доналд Трамп е позлатено, додека во куќата на Бил Гејтс има екрани на кои може да се прикажува кое било уметничко дело или фотографија во светот.

Најскапата куќа во светот е во Мумбај, Индија

Мукеш Амбани, дел од семејството милијардери Амбани, ја поседува куќата „Антилиа“, која чини над 1 милијарда долари. Куќата се градела четири години и има 27 ката. Домот вклучува подземна гаража на 6 нивоа, има три хелиодроми, сауна, балска соба, кино со 50 седишта, повеќе базени, студио за јога и студио за танцување. За одржување на куќата се задолжени 600 вработени.



„Вила Леополда“, Франција

Лили Сафра ја поседува оваа вила која се наоѓа на француската ривиера. Повеќе познати личности ја поседувале вилата, а од 1987 г. била во сопственост на швајцарскиот банкар Едмонд Сафра, кој починал и ѝ ја оставил на својата љубовница Лили Сафра.

„Фер филд“, САД

Ајра Ренерт е сопственик на оваа огромна палата која е дел од еден од најголемите имоти во САД со своите 63 акри. Палатата има 29 спални соби, 39 бањи, 3 трпезарии, 3 базени и кино со 164 седишта. Во рамките на имотот има и игралиште за кошарка, фитнес-сала, две кугларници, два тенески терени, два терени за сквош и многу други згради. Енергијата потребна за снабдување на платата доаѓа од електроцентрала на самиот имот.

Домот на Лакшми Митал во Лондон

Бизнисменот Лакшми Митал е сосед на некои од најпознатите луѓе во светот. Неговата куќа се наоѓа на улицата „Кенсингтон палес гарденс“, која е втората најскапа улица во светот со просечна вредност од 107.000 долари за квадратен метар. Митал поседува дури три куќи на оваа улица. Најлуксузната од нив има 12 спални соби и базен.



Станот на Ринат Ахметов во Лондон

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Акметов, потрошил рекордни 136,4 милиони фунти за да купи два од најскапите три стана во светот. Секој од становите е заштитен од куршуми со стаклени фасади и има софистицирани системи за осветлување кои постепено го менуваат амбиентот од зајдисонце до изгрејсонце.

Имотот „Елисон“ на Лери Елисон

Лери Елисон, еден од основачите на компанијата „Оракл“ и петти најбогат човек во светот, го изградил овој дом во 2004 година. Му биле потребни 9 години за да ја изгради куќата инспирирана од јапонска палата. Имотот вклучува 3 колиби, 8 моста, 2 градини, езеро од 5 акри и бања.

Домот на Роман Абрамович во Лондон

Домот на Роман Абрамович, милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб „Челси“, се наоѓа на улицата „Кенсингтон палас гарденс“. Абрамович планира да ја „прошири“ куќата под земјата за да направи рекреативен комплекс со тениски терен, здравствен центар и музеј за автомобили.

Имот „Блосом“ во Флорида, САД

Имотот на Кенет Грифин е комбинација од четири имоти кои чинеле вкупно 130 милиони долари. Имотот сега има 6 кујни, библиотека и гостинска куќа.

Домот на Бил Гејтс во Сиетл

Милијардерот Бил Гејтс живее во дом покрај езерото Вашингтон. Домот се градел 7 години. Во него има систем кој го менува амбиентот според расположение и време, базен со подводен музички систем, фитнес-сала, 24 бањи, 6 кујни, библиотека и гостинска соба.


Домот на Јури Милнер во Калифорнија

Рускиот тајкун Јури Милнер е сопственик на оваа палата што личи на француски замок. Во куќата има повеќе внатрешни и надворешни базени, луксузна балска соба и простории за живеење со панорамски поглед на заливот на Сан Франциско.

Извор: arch2o.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот