Градот Л'Аквила, кој се наоѓа во Централна Италија, е прекрасен скапоцен камен што го привлече меѓународното внимание во 2009 година, откако разорниот земјотрес оштети голем дел од градот.
Но, за среќа, сега градот повторно добива внимание од многу попозитивна причина благодарение на една фотографија објавена на социјалната мрежа „Редит“.
Фотографијата направена од еден локален жител покажува оптичка илузија која ја трансформира водата од фонтаната во „оган“, па веднаш стана вирална, а интернет-корисниците се прашуваа дали фотографијата е вистинска или фотошопирана.
За среќа, лицето што ја фотографира, Данел, откри дека фотографијата е вистинска и дека иако живее во Л'Аквила, тој никогаш порано не го забележал овој феномен. Всушност, неговата ќерка ја забележала илузијата. Иако Данел имал евтина камера, тој планира да се врати и повторно да ја фотографира неверојатната илузија.
Фонтаната се нарекува „Фонтана Луминоса“, што во превод значи сјајна фонтана. Била создадена во 1934 година од скулпторот Никола Д'Антино и се наоѓа во историскиот центар на градот. Фонтаната била малку оштетена за време на земјотресот во 2009 година, а потоа била обновена и во 2016 година повторно стана целосно функционална.
И додека на некои луѓе им е тешко да поверуваат дека фотографијата е вистинска, секако е илузија.
Водопадот Јосемит е познат пример за истата оптичка илузија. Со оглед на тоа што е премногу ретко, за да се појави огнената илузија, потребно е да се појават неколку различни фактори.
Не само што сонцето треба да „паѓа“ на вистинското место, туку и небото мора да биде целосно чисто за илузијата да функционира. И, бидејќи илузијата кратко трае, некој треба да ја документира во вистински момент. Во случајот на Данел, тој навистина бил на вистинското место во вистинското време.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Facebook