X
 09.12.2023 Забава

„Ербиенби“ нуди можност да престојувате во кабината на Дедо Мраз овој Божиќ

„Ербиенби“ поканува едно семејство да помине три ноќи во кабината на Дедо Мраз во Рованиеми, Финска, каде што ќе добие шанса да ја доживее магијата на Божиќ во зимската земја на чудата.

Покрај престојот, семејството може доброволно да работи во поштата на Дедо Мраз, која се наоѓа во близина на кабината. Семејството ќе може да им помага на џуџињата на Дедо Мраз со илјадниците писма што тој ги добива секој ден.

- Сакавме ова да биде магично и извонредно искуство за едно семејство. Гостите не само што ќе имаат можност да спијат во кабината на Дедо Мраз, туку и ќе можат да ѕирнат како работи Дедо Мраз - вели Катја, „главното џуџе“ и домаќин на „Ербиенби“.

1
Фото: Аirbnb

Семејството ќе може да престојува во кабина украсена со традиционални украси на Лапонија, ќе вечера фински оброци, ќе носи облека за џуџиња и ќе доживее многу авантури.

- Престојот во кабината на Дедо Мраз во Арктичкиот Круг, среде магијата на Финска, не е само одмор, туку и патување до срцето на празничниот дух. Возбудени сме што главното џуџе одлучи да го сподели просторот на „Ербиенби“ и да покани семејство кое ќе може да го искуси овој уникатен празничен престој - вели Аманда Каплс, генерален менаџер за Северна Европа во „Ербиенби“.

2
Фото: Аirbnb

Престојот во кабината на Дедо Мраз е бесплатен и вклучува бесплатен лет, а достапен е за двајца возрасни и две деца, од 18 до 21 декември 2023 година.

Резервациите за престој започнуваат на 11 декември. Можете да резервирате ТУКА.

Извор: CNN
Фото: Airbnb
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава