Стотици новозапишани студенти на Економскиот факултет во Белград добија ветување дека доколку ги завршат студиите во предвидениот рок од четири години, факултетот во рок од 90 дена по дипломирањето ќе им ја обезбеди првата понуда за работа.
Продеканот на овој факултет за соработка со стопанството, Драган Лончар, објасни кои новозапишани студенти веднаш по дипломирањето ќе добијат шанса да се вработат.
- Горди сме што можеме да откриеме дека благодарение на соработката што Економскиот факултет ја има со повеќе од 400 домашни компании, го започнуваме проектот со кој на нашите најдобри студенти ќе им ја обезбедиме понудата за првата работа - рече тој.
Тој додаде дека оние што ќе дипломираат во рок ќе имаат можност веднаш по завршувањето на студиите да го применат знаењето што го стекнале. Како што објасни Лончар, студентите мора да имаат просек повисок од 8,5, а понудата за работа од економската област што ја студирале ќе ја добијат во рок од 90 дена по
дипломирањето.