Дали некогаш сте посакале да останете дома цел ден и да играте видеоигри?
„Грејтбинбегс“, британски производител на меки столчиња и фотелји, е подготвен да ви плати да го правите тоа.
Компанијата бара официјален тестер на меките фотелји во вид на вреќи и нуди одлична плата и неколку бесплатни фотелји за оној што ќе ја добие работата.
- Играњето бара многу концентрација, а за да се сконцентрирате добро, треба да ви е што е можно поудобно. Затоа ни треба вистински гејмер кој ќе ни каже кои од нашите фотелји се идеални за долги сесии на видеоигри - пишува во огласот на компанијата.
Компанијата бара некој да тестира четири фотелји додека игра видеоигри осум часа. Тестирањето на една фотелја треба да е околу 2 часа, а компанијата ќе бара од кандидатот за секоја фотелја да додели поени врз основа на удобност, практичност и издржливост.
Фото: Pixabay
На победникот ќе му бидат исплатени 250 фунти за неговото време и ќе може да ги задржи фотелјите.
Целта на компанијата е да тестира производ што ќе биде најдобар за гејмерите. Избраната фотелја ќе добие значка „одобрена од гејмер“ на веб-страницата на компанијата.
Сите што сакаат да се пријават треба да дадат податоци како име, возраст, омилена конзола и која игра ќе ја играат. Среќниот гејмер ќе биде избран по случаен избор. На веб-страницата не пишува ништо за некакви ограничувања според земја, па затоа слободно можете да се пријавите.
ТУКА можете да се пријавите. Крајниот рок за пријавување е 14 февруари, до 23:59 часот.