Фотографот Франциско Соџуел се искачувал на вулканот Акатенанго и случајно ја забележал Месечината „облечена“ како Сатурн. Тенкиот облак што минувал пред Месечината направил таа да изгледа како да има прстени.
25-годишниот фотограф од Гватемала се наоѓал на подножјето од вулканот Акатенанго во декември 2019 година, два дена пред затемнувањето на Сонцето. По шестчасовно патување до локацијата, Соџуел успеал да ја направи фотографијата во раните утрински часови пред изгрејсонце.
- Од далечина можете да се запрашате: „Дали тоа е астероиден прстен околу
Месечината?“ Всушност, станува збор за тенок циростратусен облак. Под Месечината се гледаат вулканот Пакаја и гватемалските височини.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Instagram