X
 25.08.2019 Живот

„Амазон“ го отвори најголемиот деловен кампус кој се простира на 9,5 хектари

Најголемиот светски онлајн-трговец „Амазон“ ја отвори својата најголема деловна зграда во индискиот град Хајдерaбад.

Новиот кампус беше отворен во средата во градскиот финансиски кварт. Кампусот се простира на 9,5 хектари и има 167.225 квадратни метри деловен објект, што го прави најголемата зграда на „Амазон“ на светот според вкупна површина.

Фото: Bizlife

Зградата може да прими до 15.000 вработени, што е речиси една четвртина од вкупниот број вработени со полно работно време во Индија.

Компанијата исто така има 155.000 работници вработени на определено во оваа земја, што ја прави Индија најголемата база на „Амазон“ надвор од САД.

Фото: Bizlife

Кампусот во Хајдерабад е првата канцеларија надвор од САД, која е во целосна сопственост на „Амазон“.

Компанијата во последната година вложи милијарда долари во ширењето на бизнисот во Индија.

- Оваа нова деловна зграда на „Амазон“ е опиплив доказ за нашето долгорочно размислување и плановите за Индија - изјави директорот на „Амазон“ во Индија, Амит Агарвал.

Фото: Bizlife

Ако компанијата успее да ги оствари своите планови, наградата ќе биде огромна. Имено, Индија има повеќе од 600 милиони интернет-корисници, но мнозинството сè уште не се „на мрежата“.

„Амазон“ се обидува да го искористи тој потенцијал со креирање повеќе индиска содржина за својата стриминг-платформа и дури и со воведување на хинди јазикот во својата апликација.

Фото: Bizlife

Новиот кампус со текот на времето ќе се прошири на 68 хектари, што е околу 65 фудбалски терени, соопштија од компанијата.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот