X
 19.10.2019 Живот

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 03/2019 за набавка на услуги за: Изработка на on-line продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата

За потребите на проектот “Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област” кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Република Албанија за 2014 и 2015”,
а врз основа на Договорот за грант, Центарот за управување со промени - ЦУП објавува:


ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 03/2019

за набавка на услуги за: Изработка на on-line продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата.

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област” има потреба од набавка на услуги за: изработка на on-line продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб апликацијата, фотографирање и собирање на податоци за производи и содржини, како и промоција на on-line продавницата во пошироката јавност.
На повикот можат да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Истата вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на on-line продавницата, (2) теренски дел на собирање на податоци и сликање на производите и полнење на содржини, како и (3) промоција на on-line продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.
Краен рок на доставување на понудите е до 01.11.2019 година до 16:00 часот.

Подетален опис на услугите, условите за аплицирање како и потребната документација може да ги побарате на следниот линк: www.cup.org.mk во делот на објавени повици.

Комерцијален текст

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот