X
 19.10.2019 Живот

Шкотска го забрани паркирањето на тротоар

Паркирањето на тротоарите, кое е дел од традицијата во поголем дел од Европа, станува несакана појава. Во Германија ќе се расправа за таа навика, а шкотскиот парламент штотуку го забрани ваквото паркирање. Всушност, таа одлука ќе стапи во сила дури во 2021 година, па возачите можат да се подготват навреме.

Забраната само го прави прекршок макар и делумното паркирање на возило на тротоар. Иако веќе има закони што го опфаќаат тоа, тие се нејасни до толку што станува речиси невозможно да се извршат. Освен тоа што на пешаците ќе им се овозможи еднаква употреба на тротоарите, беше посочено дека законот може да заштеди пари затоа што ќе го спречи оштетувањето на тротоарите од автомобилите.

Задржана е само една одредба на тротоарите да може да се паркираат доставни возила и тоа максимум 20 минути.

Многу здруженија со години предупредуваа на неможноста на тротоарите да се движат лица со инвалидитет, родители со колички за деца... Сега тие извојуваа важна победа и се претпоставува дека тоа ќе биде патоказ за остатокот од Велика Британија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот