X
 18.09.2016 Култура

Многу чуден закон за Ајфеловата кула во Париз


Технички и правно гледано, самото фотографирање е дозволено, но проблемот може  да се јави ако фотографијата ја споделите на социјалните мрежи. За тоа ќе треба да побарате, но и да добиете дозвола од  “Societe d`Exploatation de la Tour Eiffel”, компанијата која управува со кулата.

Голем дел од туристите не се запознати со овие одредби кои се во сила веќе некое време, а казната предвидена за непочитувањето е прилично висока.

За што всушност станува збор? Правните закони на Европската унија му дозволуваат на земјите членки барање дозвола за продавање и споделување на фотографии од историски згради кои се заштитени со авторски права, а се сликани ноќе. Таквото сликање и споделување во такoв облик, може да доведе до парична казна!

Повеќето држави не го користат ова право и дозволуваат непречено снимање и фотографирање,  сметајќи го за слобода на секој турист. Меѓутоа во Франција, Италија и Данска ситуацијата е поинаква.

На овај начин се заштитени и други познати градби, како Колосеумот во Рим, Европскиот парламент во Стразбур и Малата сирена во Копенхаген.

Против ваквите забрани постоат бројни негодувања и се работи на нивни измени.

Ајфелова кула

Колосеум

Малата сирена

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура