Досега околу три проценти од сателитите во мрежата на „Спејс Екс“ наречена „Старлинк“ доживеале неуспех. Сателитите имаат помошни мотори кои може да ги тргнат од патот на кој има опасности, како вселенски отпад, но тие изгледа дека функционираат кај 97 отсто од сателитите, истакна астрономот Џонатан Мекдовел. Тоа значи дека има значителен број сателити што лебдат „мртви“ во вселената и би можеле да бидат опасност за други сателити или астронаути во орбитата.
Засега „Спејс Екс“ има лансирано 775 сателити, но до комплетирањето на соѕвездието планира да има 42.000. Со стапка на неуспех од три отсто - претпоставувајќи дека ќе остане непроменета - се добиваат 1.260 неподвижни сателити кои чекаат да се судрат со други нешта во вселената.
- Би рекол дека нивната стапка на неуспех не е нечуена. Не е полоша од другите стапки на неуспех. Грижата е дека дури и нормална стапка на неуспех во толку големо соѕвездие ќе резултира со многу лош вселенски отпад - вели Мекдовел.
Од „Спејс Екс“ не ја коментираат ситуацијата, но порано истакнаа дека очекуваат стапка на неуспех на сателитите помала од еден процент.
Извор и насловна фотографија:
Futurism