X
 24.10.2020 Наука

Вселенскиот телескоп „Хабл“ направи фотографија од ѕвезда што се раѓа

Во само една релативно мала испупченост од галаксијата „Душа“ во соѕвездието Касиопеја, вселенскиот телескоп „Хабл“ успеал да направи слика од ѕвезда што се раѓа.

Ѕвездите во овие големи облаци на ѕвездени расадници се формираат од грутки густ молекуларен водород што се распаѓа под нивната сопствена гравитација. Како резултат на тоа, овие ѕвезди се сместени во густи, молекуларни облаци.

Кога масивна, жешка ѕвезда почнува да свети, нејзиното интензивно ултравиолетово зрачење го јонизира облакот каде што се раѓа, создавајќи голем, врел меур од јонизиран гас наречен сфера Штромгрен.

1

Испарувачка гасовита глобула е густа група на гас што се собира околу оваа сфера и очигледно од неа можат да продолжат да се формираат ѕвезди.

Границата помеѓу оваа гасовита глобула и сферата е прикажана на фотографијата од телескопот „Хабл“ како блескава виолетова област.

3

Бидејќи глобулата е густа, овој процес не го спречува создавањето на ѕвездите внатре. Но, го попречува, ограничувајќи го снабдувањето со гас што ќе ја храни ѕвездата што се формира. Како резултат на тоа, ѕвездите родени во рамките на гасовитата глобула имаат релативно мала маса во споредба со другите ѕвезди.

3

Овие ѕвезди со помала маса и постудена температура, всушност, може да траат подолго од поголемите и потоплите ѕвезди.

Извор: Petapixel.com
Фотографии: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука