X
 25.09.2019 Живот

Русите велат дека знаат што ја направило дупката на Меѓународната вселенска станица, но не кажуваат

Во август 2018 година контролорите на лет детектираа мала дупка на Меѓународната вселенска станица (ИСС) и сега челникот на руската вселенска агенција тврди дека конечно ја утврдиле причината за мистериозното оштетување. Сепак, Русите тоа го држат во тајност.

- Знаеме точно што се случило, но нема да ви кажеме ништо - истакна директорот на „Роскосмос“, Дмитри Рогозин, пред присутните на младинска научна конференција.

Младите вселенски ентузијасти не се единствените со кои „Роскосмос“ не сака да ја сподели информацијата. Изгледа дека и НАСА, рускиот примарен партнер во станицата, сè уште е во темница.

- Ништо не ми кажале. Не сакам да дозволам едно нешто да го влоши односот, но јасно е неприфатливо да има дупки на Меѓународната вселенска станица - истакна челникот на НАСА, Џим Брајденстајн.

На почетокот службениците претпоставуваа дека дупката е направена од микрометеорит кој дупнал преграда, но дополнителните истраги открија дека дупката била направена од дупчење во капсулата поради што Рогозин посочи дека можеби станува збор за намерна саботажа.

Без разлика дали тоа е заклучокот на Русија, сите оние што се вмешани во ИСС заслужуваат да знаат што ја направило дупката, особено ако станува збор за нечесна игра.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот