Најновите истражувања покажуваат дека голем број луѓе во иднина ќе го одбираат возот како омилено средство за превоз. Ако се случи тоа, очекувањата се дека железничките станици ќе станат „новите аеродроми“ и места каде што ќе циркулираат голем број туристи. Затоа, погледнете неколку преубави железнички станици од различни делови од светот.
Железничката станица во Каназава, Јапонија
Фото: Instagram
Во Каназава, Јапонија, се наоѓа таканаречениот „Цузуми-мон“ што го симболизира традиционалниот јапонски инструмент наречен „Цузуми“.
Сан Бенто, Португалија
Фото: Screenshot/YouTube
Железничката станица Сан Бенто датира од 1916 година и се наоѓа во Порто, а за многумина ова е една од најубавите железнички станици во светот. Дизајнирана е од Жоза Маркуес да Силва, а позната е по плочките што прикажуваат сцени од историјата на Португалија.
Централната станица во Ротердам, Холандија
Фото: Wikimedia Commons
Централната станица во Ротердам претставува едно од главните места на Европа кога станува збор за патување со воз. Од таму со воз можете да стигнете речиси секаде во Европа.
Железничката станица Мапуто, Мозамбик
Фото: Wikimedia Commons
Африканската земја Мозамбик можеби нема многу туристи, но затоа ја има најубавата железничка станица во Африка.
Железничката станица „Лиеж-Гилиман“, Белгија
Фото: Wikimedia Commons
Оваа белгиска железничка станица била дизајнирана од Сантјаго Калатрава и нуди вистински поглед во иднината.
Извор:
B92.net
Фото: Wikimedia Commons