Азија има извонредна кујна, неверојатни зданија и архитектура, но и восхитувачки
природни убавини кои оставаат без здив.
1. Кинеските планини во бои на виножито
Шесте планини во геолошкиот парк Џангје Данкиа, во Кина во 2010 година беа ставени на листата на Светското природно наследство на УНЕСКО. Планините настанале пред неколку милиони години со придвижување на тектонските плочи, а со текот на годините природата создавала неверојатни глетки во бои на виножито.
2. Највисокиот слатководен систем во Непал
Погледот на шесте глацијални езера на планината Гокио Ри во Непал (5357 метри) со неверојатна тиркизна боја, во најмала рака, е вонвременско искуство. Се сметаат за највисокиот слатководен систем во светот.
3. Чоколадните ридови на Филипините
Чоколадните ридови на островот Бохол се прогласени за национален геолошки споменик. На педесеттина квадратни километри сместени се нешто повеќе од 1.700 ритчиња кои настанале со ерозија на карпите, а се препознатливи по чоколадната боја што ја добиваат за време на сушите.
4. Камелеонските езера во Индонезија
Планината Келимуту на островот Флорес во Индонезија е од вулканско потекло, а најпозната е по трите кратерски езера кои ја менуваат својата боја во зависност од годишното време, временските услови и составот на минералите. Токму затоа геолозите им припишуваат камелеонски својства, па никогаш не се знае со точност во кој боја ќе се затекнат при разгледувањето.
5. Монументална пештера во Виетнам
Се претпоставува дека пештерата Шондонг, која се наоѓа на границата меѓу Виетнам и Лаос, е најголема на светот. Долга е околу 6,5 километри, а висока околу 200 метри. Посетите се дозволени само во присуство на професионален водич, заради опасноста од залутување.
6. Водопади на границата помеѓу Кина и Виетнам
Водопадите на реката Квај Сон, на кинеско-виетнамската граница, кои се познати и како Детјан или Банзек, се вистинско ремек-дело на природата. Опкружени со бескрајно зеленило и карпи, создаваат појава за паметење.
7. Геотермалните извори во Јапонија
Вљубениците во геотермални извори задолжително би требало да го посетат јапонскиот остров Хокаидо или попрецизно долината Јигоку која е дел од националниот парк Шикоцу-Тоја, во близина на градот Ноборибетс, а која изобилува со вакви извори.