X
 19.11.2021 Култура

Одбележување 700 години од смртта на Данте Алигиери со премиерна опера во НОБ

По повод 700 години од смртта на Данте Алигиери (1321) и на Лапо Салтарели (1320), прочуени поети од Фиренца и познавачи на политиката, вечерва во Националната опера и балет ќе се одигра премиерата на операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино. Ова е светска премиера на оваа опера, надвор од границите на Италија.

Операта раскажува за случки од животот на двајцата уметници, кои заедно минувале низ период обележан со превирања важни за историјата на цела тогашна Италија. Особено се опеани посетите на Лапо во Рим, кај папата Бонифациј VIII, кои довеле до судски процеси и одлука за протерување на двајцата поети од Фиренца.

Оперското дело во еден чин и две слики напишано од Клаудио Салтарели (либрето) и Џо Скитино (музика) ќе биде изведено под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во изведба на тенорот Благој Нацоски (Данте), баритонот Џанпјеро Руџери (Лапо) и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Фото: ФБ на Национална опера и балет


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура