X
 09.11.2017 Уметност

Дигитална архива од најраните илустрирани изданија на „Божествената комедија“

Едно од највредните дела на сите времиња, „Божествената комедија“ на Данте Алигиери, напишано на италијански јазик, го има зачувано статусот на класик во литературата.

фото извор: Digital Dante

Освен многубројните коментари и биографии за авторот, над 10 изданија од епската средновековна поема се појавиле во периодот кога првпат се почнало со печатење книги. Првото издание се појавило во 1472 година. Првото, пак, комплетно илустрирано издание се појавило во 1491 година. Ниту едно од изданијата не го содржело зборот „божествена“ во насловот сè до 1555 година. Делото се нарекувало „Комедијата“.

Како резултат на соработката помеѓу библиотеката на Универзитетот „Колумбија“ и одделот за италијански јазик, илустрациите од три изданија на делата што се печателе во првите 100 години сега се достапни на веб-страницата „Дигитал Данте“. Има слики од изданието од 1497 година, издание од 1544 година, страници во боја, мапи и слично.

фото извор: Digital Dante

Сите овие историски артефакти го покажуваат раното печатење и користената техника, времето во кое литературните дела биле претворани во ремек-дела со илустрации и типографија. Комплетно илустрираните изданија на Данте сега се зачувани и достапни за сите љубители на неговата литература.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност