X
 09.02.2022 Култура

Операта „Турандот“ предводена од солистот Весна Ѓиновска-Илкова вечерва во НОБ

Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини, навидум едноставната приказна за доброто и злото, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, а режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако. Кореографијата е на Саша Евтимова, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Од НОБ најавуваат настап на врвна домашна солистичка екипа предводена од Весна Ѓиновска-Илкова во главната улога.

„Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“ (Nessun dorma) - соопштуваат од НОБ.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура