X
 19.12.2018 Живот

Креиран „Прирачник за младински политики, учество и застапување“

„Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“

Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“, во декември 2018 година издаде „Прирачник за младински политики, учество и застапување“, кој нуди нови знаења, современи методи и техники за зголемување на вештините за застапување на граѓанските организации во насока на засилување на нивното влијание врз јавните политики за млади.  

Прирачникот обработува три клучни области: младински политики, младинско учество и застапување и лобирање. Тие се претставени преку теоретски и практичен дел, каде што соодветно се елаборирани теоретските аспекти на опфатените теми и практични алатки за нивна примена.

Базиран на теорија и пракса, прирачникот претставува приказ на европскиот контекст на политиките за млади и на националните и локалните младински политики. Целта е да придонесе кон зголемување на младинското учество, особено во процесите на донесување одлуки, креирање политики и оспособување на граѓанските организации за застапување и лобирање за потребите на младите кај креаторите на политиките.

Прирачникот е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската Унија. Тој може бесплатно да се преземе на следниот линк.



Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на медиумот што ја објавува.

Проектот е имплементиран од Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ и Младински културен центар - Битола. Овој ПР-текст и неговата објава се подготвени со поддршка на Европската Унија. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Европската Унија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот