X
 25.01.2019 Технологија

Технолошките компании потрошиле рекордни суми за лобирање во Вашингтон

Компанијата „Амазон“ во 2018 година потрошила рекордни 14,19 милиони долари на лобирање во владата на САД.

Големите технолошки компании особено се занимавале со проблемите со приватноста, имиграцијата и новите даноци. Прашањата од интерес за „Амазон“ вклучувале и планови за здравствена заштита, цени на лековите и сигурност на храната за кои се разговарало со Управата за храна и лекови и други федерални тела.

„Гугл“ и „Фејсбук“ исто така во вторник објавија дека минатата година ги собориле сопствените рекорди во трошењето на лобирање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија