Креативните работи како цртање и сликање се одлични начини за истражување на вашите емоции и за ослободување од стресот.
Сепак, не е толку лесно да се впуштите во ново хоби, особено кога ви недостигаат ресурси. Новата иницијатива во Велика Британија се обидува да го промени тоа така што докторите го препишуваат фотографирањето како третман за менталното здравје.
Лансиран од „Векс фото видео“, овој проект е поддржан од Националната академија за социјално препишување лекови. Штом општ лекар или здравствен работник ќе упати пациент на програмата наречена „Фотографирање на рецепт“, пациентот добива пристап до опрема за фотографирање и мастер-клас со цел да го подобри своето ментално здравје.
Според истражувањата, луѓето кои имаат депресија, анксиозност, проблеми со самодовербата и се осамени можат да имаат корист од фотографирањето.
- Фотографијата може да биде многу повеќе од хоби; тоа е моќна алатка за пренесување емоции. Со тоа што на луѓето со проблеми во менталното здравје им се дава пристап до мастер-класови, опрема и постојана поддршка; сакаме да ги поврземе со поширока заедница, да помогнеме во развојот на нивната самодоверба и да им дадеме канал за самоизразување. Се надеваме дека овој проект ќе им помогне на одредени луѓе кои моментално се борат - вели Пол Вареам, маркетинг-директор на „Векс фото видео“.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Freepik