X
 19.12.2022 Спорт

Кои фудбалски великани нема веќе да ги гледаме на светските првенства?

Светското првенство во фудбал во Катар заврши. Имаше многу големи моменти на првенството, а се чини дека тоа е и последното за повеќе легендарни фудбалери.

Со победата над Франција, Меси го зацврсти статусот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Дури и пред натпреварот тој изјави дека ова првенство ќе му биде последно.


Фото: Лионел Меси/Wikipedia

Лука Модриќ ја освои Златната топка во 2018 година, првата од 2007 што не му припадна на Меси или Роналдо. Оваа година Модриќ освои бронзен медал со Хрватска, а пред четири години од Русија однел сребро. Тогаш Модриќ беше прогласен за најдобар играч на турнирот.


Фото: Лука Модриќ/Wikipedia

Кристијано Роналдо го држи рекордот во бројот на настапи за Португалија (196) и светскиот рекорд по бројот на постигнати голови за репрезентација (118). Петкратниот освојувач на Златната топка го освои Европското првенство со Португалија во 2016 година.


Фото: Кристијано Роналдо/Wikipedia

Поради својата возраст, овие тројца фудбалери нема да играат на следното светско првенство, кое ќе се одржи за четири години. Затоа, ова првенство беше последно за нив. Освен нив, Оливие Жиру, Тијаго Силва, Пепе, Роберт Левандовски, Луис Суарез, Дани Алвес, Мануел Неуер и Томас Милер се вбројуваат во кругот на великани кои веројатно нема да настапуваат на следното светско првенство.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт